За сите граѓани неработни денови до крајот на годинава нема. Новата година ќе се дочекува на 31. декември што се паѓа во недела, а тоа значи дека за повеќето неработен ден ќе биде понеделникот (1.јануари).
Во првиот месец од претстојната година неработни денови ќе бидат 5, 8 19 и 27 јануари.
За сите граѓани неработен ден ќе биде 7 јануари (недела), првиот ден на Божиќ според православниот календар, односно 8 јануари (понеделник).
За граѓаните од православна вероисповед:
– 6 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божиќ,
– 19 јануари (петок), Богојавление (Водици).
За припадниците на српската заедница неработен ќе биде 27 јануари (сабота), Свети Сава.