Дали уште се двоумите и не знаете што ќе носите на дочекот на новата година? Ние за вас издвоиме одлични идеи, засновани на вашиот хороскопски знак.
Облеката и стилот се огледало на нашиот карактер, а многуте модни трендови може да ги комбинирате најразлично.
Сите дизајни се различни, секое парче облека совршено ја одразува личноста, нејзиниот карактер и однесувањето. Дали ве интересира што треба да носите на Нова година според вашиот хороскопски знак?
Ако уште немате идеја, можеби хороскопот ќе ви помогне:
Овен – Долг блејзер-фустан во некоја впечатлива боја
Бик – Елегантен сатенски фустан
Близнаци – Кожени панталони во комбинација со кошула или светкава маичка на тенки рамки
Рак – Кадифен миди или мини фустан
Лав – Интересен фустан со животински, светкав или друг впечатлив принт
Девица – Кратко, црно фустанче
Вага – Нежно розов или златен фустан со пресек на половината
Скоприја – Црно од глава до пети
Стрелец – Сребрен, светкав фустан или само горен дел
Јарец – Класичен фустан до колена во црна или црвена боја
Водолија – Миди фустан во некоја нијанса на сина
Риби – Романтичен и нежен, софистициран фустан