Токму Божиќ кој се слави на 7 јануари, е најрадосниот христијански празник кој го симболизира споменот на денот на раѓањето на Господ Исус Христос, Синот Божји, Спасителот на светот. Фактот дека Божиќ е празник на раѓањето на нов живот, празник на децата и детството, празник на татковците и мајчинството е украсен со најубави верски обичаи и обреди. Сепак, од држава во држава, се негуваат различни традиции кои создаваат прекрасна атмосфера помеѓу семејството и пријателите. Традицијата е поинаква, а богами и храната…
Македонија
Божиќниот ручек е вистински мрсен оброк после долгиот пост и секогаш е богат и разновиден, но го одбележуваат два неизбежни елементи: божиќно лепче и печењето. Божиќната трпеза, по народното верување, мора да биде полна и обилна. Печењето го сече домаќинот, кршејќи ја прво левата плешка, главата и левиот дел од ребрата. Покрај сето ова, за прославата на раѓањето на Христос, за божиќната трпеза се подготвува сарма, супа, како и разноразни салати од кои најзастапена е руската. Тука се и неизбежните колачи и торти. Најчесто се пие црно вино и домашна ракија. На божиќната трпеза неопходна е и божиќната свеќа.