Фудбалскиот стадион на Фортуна Дизелдорф, „Меркур Шпил-Арена“ ќе влезе во историјата. Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја поддржа идејата на Германскиот сојуз да организира ракометни натпревари на фудбалска арена.
Поради тоа, напорно се работеше стадионот во Дизелдорф да биде оспособен за свеченото отворање на Европското првенство. Напорната работа се исплатеше, па утре ќе се испише историја со најпосетениот ракометен меч било кога. ЕХФ објави кратко видео во кое се гледа забрзано како еден фудбалски терен се претвора во ракометен, со дополнителни трибини.
Среќа прва да заигра во оваа арена ќе има Македонија. На отворањето на турнирот играме со великанот Франција в среда од 18:00 часот, додека во вечерниот термин е спектаклот меѓу Германија и Швајцарија.