Анисија беше родум од Солун. Потекнуваше од угледен и богат род. Родителите и беа побожни луѓе и добро се погрижија околу нејзиното воспитание; уште од младоста таа многу го засака Бога.
Набргу умреа нејзините родители и таа го на¬следи нивното огромно богатство.
Но, таа не дозволи богатството да и го одреди животот, па распродаде се и почна да им служи на бедните, затворените, болните и на сите што се наоѓаа во некаква мака.
Света Анисија пострада од еден разбе¬снет војник кога одби да им принесе жртва на идолите. Тоа се случи во 298 година.
Се верува, треба искрено и длабоко девојките да се помолат на Светата маченичка Анисија на овој ден и нивниот живот ќе биде исполнет со среќа и љубов: „ Како облак што впива влага од земјата, така ти девственичке се напои, од вистината на Животот. Разбирајќи дека треба да се соблече стариот човек, во руво на светлина душа ти засветли, а на човечкиот род крвта, како ново семе ја подари. Моли се о девојко света, да оздрави душата мека со спознание на Пресвета Троица.“