Едно лице загина во експлозијата во фабриката „Трајал“ во Крушевац, а четворица се повредени.
Според првите информации едно лице загина, а четири се повредени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Општата болница во Крушевац“, се вели во соопштението на МУП.
По експлозијата избувнал локализиран пожар, а на местото на настанот се обезбедуваат припадници на полициската управа во Крушевац и на Службата за вонредни ситуации.
Интервенцијата е во тек.