Tuesday, July 16, 2024
25.8 C
Skopje

ДЕНЕС ГИ СЛАВИМЕ ОВИЕ СВЕТИ МАЧЕНИЦИ: Се верува дека ако ја изговорите оваа молитва можете да ги одбегнете неволјите!

-Реклама-

Светите маченици Јулијан и Василиса

Реклама

Обајцата од благородни и богати родители. Венчани во брак, се заветуваа да живеат девствено како брат и сестра. Им го раздадоа сиот свој имот на сиромашните, а самите стапија во монаштво. Јулијан основа машки, а Василиса женски манастир. Јулијан имаше десет илјади монаси, а Василиса илјада монахињи. Кога настана лутото мачење на христијаните под Диоклецијан, Василиса Го молеше Бога нидена од нејзините монахињи да не се исплаши од маките и да не отстапи од православната вера. Господ ја услиши молитвата на Својата достојна слугинка и за шест месеци ги зеде кај Себе сите монахињи редум, па најпосле и нивната игуманија Василиса. Пред смртта Василиса имаше видение за своите сестри на оној свет: сите ѝ се јавија светли и радосни како ангели Божји и ја повикуваа својата духовна мајка да им дојде што побргу. Манастирот на Јулијан беше изгорен од мачителите, а самиот Јулијан го мачеа нечовечно и го убија во најтешки маки. Во маките го крепеше и бодреше Самиот Господ, па с ѐ издржа јуначки, ја одржа верата и го прослави името Господово. Заедно со Јулијан беа убиени: синот и жената на мачителот Маркијан; Келасиј и Марионил, кои кога го видоа трпењето на маченикот и самите се обратија во Христовата вера; дваесет римски војници; седуммина браќа од она место; презвитерот Антониј и некој Анастасиј, кого Јулијан за време на мачеништвото со молитва го воскресна од мртвите. Сите чесно пострадаа за Христа и станаа граѓани на небесното Царство околу 313 година.

-Реклама-

„Вврзани со брак, врзани со Христос. Духовниот сојуз е потрајно сојузништво. Во книгата Живи духови ги напишал: „Брате Јулијан, сестра Василиса“. Тие оставија сè и тргнаа по Христа. И кога тропнаа, ги дадоа животите за љубовта Божја, љубовта на трите сонца, ја презреа Славата. сета земна слава; Тие се прославија со љубовта кон Бога и ни оставија прекрасен пример. Богатство на црквата, а украс и радост: Чудотворната крв на чудните маченици“.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО