Сосетката го слушала детето како плаче цела ноќ, се јавила кај надлежните но тие не реагирале. Се верува дека детето умрело од глад откако неговиот татко доживеал срцев удар околу Нова година, но нивните тела биле откриени дури на 9 јануари.
Соседката која живее веднаш до станот каде што таткото и неговиот двегодишен син Бронсон Батерсби беа пронајдени мртви, рече дека се загрижила поради тоа што детето плаче цела ноќ и ја известила Добротворната организација за заштита на децата (NSPCC).
Аманда Тови рече дека контактирала со Националното друштво за спречување на суровост кон децата (NSPCC) пред Божиќ, околу две недели пред момчето да умре од глад откако таткото Кенет доживеал срцев удар.
NSPCC потврди дека го примила извештајот и го предал на „соодветните органи“. Советот на округот Линколншир вети дека ќе изврши „брз преглед“ на инцидентот.
Тови рече дека малото момче ги поминало последните неколку недели од својот живот „сакајќи да биде сакан и гушкан“, додека неговиот татко се борел да се грижи за него, пишува „Дејли мејл“.
– Беше ноќе, сето тоа можев да го слушнам од мојот стан горе. Немам свои деца, па не можам да му кажам на друг како да биде родител – рече таа.
Сепак, таа додава дека се загрижила и се јавила во НСПЦЦ непосредно пред Божиќ бидејќи го слушала момчето како плаче цела ноќ.
– Оставив порака но не добив никаков одговор – додаде таа.
Се верува дека момчето умрело од глад откако неговиот татко доживеал срцев удар околу Нова Година, но нивните тела биле откриени дури на 9 јануари – откако социјален работник претходно двапати заѕвонил на вратата од нивниот стан, но без одговор, по што ја известила полицијата.