Tuesday, February 27, 2024
14.8 C
Skopje
spot_img

Новак Ѓоковиќ елиминиран: Синер го надигра и исфрли пред финалето на АО

-Реклама-

Италијанскиот тенисер Јаник Синер приреди изненадување во полуфиналето на Австралија Опен, го надигра и исфрли Новак Ѓоковиќ со 3-1 (6-1, 6-2, 6-7, 6-3) и ќе игра за трофејот во Мелбурн. Во меч кој траеше 206 минути младиот италијански ас покажа дека не беше случајна неговата одлична форма на крајот на претходната сезона и ја запиша најголемата победа во кариерата за прво Грен слем финале.

Реклама
-Реклама-

Несвојствено за Новак, во мечот влезе доста несигурно, а тоа ривалот знаеше да го казни. Синер тргна фуриозно, направи брејк на првиот сервис на фаворитот и поведе со 3-0, за потоа да направи уште еден за 5-1. Користејќи ја втората сет-топка Италијанецот дојде до 6-1 и водство во сетови. Нешто слично се случи и на почетокот на вториот сет. Повторно Ѓоковиќ не успеваше да фати посакуван ритам, додека ривалот одлично го напаѓаше. Синер пак направи два брејка со кои си изгради предност и одново по втората сет-топка, овојпат дојде до 6-2 за удвојување на предноста.

-Реклама-

Ѓоковиќ се крена во третиот сет, ама и во него успеа да биде само израмнет со ривалот. Ниту еден од тенисерите не успеа да одземе сервис и се влезе во тај-брејк, кој Србинот го доби со 8-6. Четвртиот сет се покажа како одлучувачки, се влезе во него со по освоен гем на двајцата ривали, а потоа Синер врза три во низа со единствениот брејк. До крајот четвртиот светски рекет ја одбрани предноста, па ја искористи првата меч-топка за 6-3 и голема победа. Ѓоковиќ, го одигра веројатно својот најлош меч на Грен слем турнирите.

Во своето прво големо финале Синер го чека дуел со подобриот од пресметката на Медведев и Зверев.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

- Реклама -

ПОПУЛАРНО