Вчера во 17.50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го уапсиле Н.А.(42) од Велес. Тој се сомничи дека дваесетина минути порано или околу 17.30 часот со употреба на сила и подесен алат влегол во црква на улица „Благој Ѓорев“ во Велес и одзел пари.
Кај него биле пронајдени парите и биле вратени во црквата, како и предметот со кој го извршил делото. Тој бил приведен во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава се вели во соопштението на МВР.