Sunday, April 14, 2024
16.8 C
Skopje

САД започнаа воздушни напади во Ирак и Сирија како одмазда за смртоносниот напад со беспилотни летала

-Реклама-

САД денеска започнаа воздушни напади во Сирија и Ирак како одговор на убиството на тројца американски војници во напад со беспилотно летало во Јордан, пренесоа светските агенции.

Реклама

На крајот на јануари американскиот претседател Џо Бајден објави дека е донесена одлука каков ќе биде одговорот на нападот со беспилотни летала против американската војска.

-Реклама-

Американските медиуми ги објавија нападите веднаш откако Бајден присуствуваше на церемонијата на пречек на американска територија на смртните останки на војниците убиени во неделата.

-Реклама-

Во воздушните напади во источна Сирија загинаа шест борци на проирански милиции, соопшти директорот на невладината мониторинг организација Сириска опсерваторија за човекови права Рами Абдел Рахман.

Претходно, американскиот претседател Џо Бајден рече дека нападот „го извршиле радикални милитантни групи поддржани од Иран кои дејствуваат во Сирија и Ирак “ и се закани дека ќе возврати.

Во понеделникот иранската влада негираше вмешаност во нападот.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО