Tuesday, December 10, 2024
17.8 C
Skopje

Пратениците одлучија: Обложувалниците и казината ќе се селат на 500 метри од училиштата

-Реклама-

Собранието денеска со 55 гласоа „за“ ги усвои измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри предложен од Владата со европско знаменце, кој предвидува објектите за игри на среќа да бидат оддалечени повеќе од 500 метри од основните и средните училишта.

Реклама

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) претходно организираа протест пред парламентот на кој го повикаа претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува указот за стапување во сила на законот. Според АСОМ и АПИС, со измените на овој закон ќе се затвори гранка во која има илјадници вработени.

-Реклама-

„Со гласањето за овие измени пратениците на душа ќе си ги стават судбините на семејствата на 10 илјади вработени во секторот игри на среќа. Илјадници Македонци од економски маки ги напуштаат своите родни огништа и си ја бараат среќата во туѓина. Со гласањето пратениците ќе создадат најмалку 35 илјади нови кандидати за иселеници во западните земји. Срамно е да се тврди дека пратениците се залагаат за полноправно членство во ЕУ кога со злоупотреба на тоа знаме со антидемократски и антиевропски манипулации се истуркаа законски измени кои ќе го затворат најголемиот приватен работодавец во Македонија“,

-Реклама-

изјави Горан Стоименов, претставник на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа.
Со измените на Законот, цената за една лиценца за обложувалница ќе порасне од 105 илјади на 200 илјади евра. Истовремено, се ограничува бројот на уплатно-исплатни места на 25 со една издадена лиценца, а дополнително, за секое следно уплатно-исплатно место над 25-тото, приредувачот ќе треба да плаќа надоместок од 10 000 евра.

Измените во Законот предвидуваат и автомат клубовите сега да плаќаат за лиценца која ќе чини 100 илјади евра, наместо досегашните 78 750 евра. Таа ќе биде ограничена на три деловни простории за кои автомат клубовите ќе треба да плаќаат надомест во износ од 30 000 евра.

„Се зајакнува регулативата во делот на интернет игрите на среќа со имплементирање на Препораката на Комисијата за принципите за заштита на потрошувачите и играчите на онлајн услугите за коцкање и за спречување на малолетници од коцкање преку интернет“, се наведува во усвоениот Предлог-закон. Законот им овозможува рок од една година на обложувалниците и автомат клубовите да ги преселат деловните простории на најмалку 500 метри од училиштата.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО