Tuesday, June 25, 2024
28.8 C
Skopje

Револуција во фудбалската игра: Се воведува син картон!

-Реклама-

Фудбалските правила ќе претрпат голема промена по педесет години – воведување на синиот картон. Тоа значи дека играчот ќе биде надвор од игра десет минути поради груб прекршок или несоодветно однесување и потоа се враќа во игра. По половина век користење само жолти и црвени картони, оваа промена ќе биде големо освежување за најпопуларниот спорт.

Реклама

Како што пишува британски „Телеграф“, револуционерната мерка ќе ја донесе надлежниот орган на Меѓународниот комитет на фудбалски асоцијации, кој ги одредува фудбалските правила и е основан во 1986 година. Се очекува новото правило да се примени на натпреварите од ФА Купот за мажи и жени, а Фудбалската асоцијација на Англија шпекулира дека сето тоа би можело да стапи на сила следната сезона.

-Реклама-

Сините картони беа тестирани во Велс, а беше одлучено бојата да биде сина само за да се разликуваат од жолтите или црвените картони. Исто така, Португалија веќе воведе нова боја на картон, со цел да го истакне чинот на фер-плеј на теренот.

-Реклама-

Во октомври минатата година за прв-пат беше искористен бел картон во петтата лига во Португалија и беше покажан на играч кој не сакаше да шутира кон голот кога дефанзивецот на противничката екипа падна на теренот и се пожали на повреда.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО