Monday, March 4, 2024
9.8 C
Skopje

Евтино и природно: Направете домашен омекнувач за алишта

-Реклама-
-Реклама-

Дали облеката го губи мирисот брзо, иако стававте многу омекнувач? Заборавете на употребата на хемикалии бидејќи решението за чисти и мирисливи алишта е скриено во вашата кујна.

Реклама

Веројатно веќе сте слушнале дека обичниот бел алкохолен оцет е совршена замена за омекнувачот бидејќи им дава свежина на алиштата и го засилува мирисот на детергентот, а неговиот мирис исчезнува целосно за време на процесот на перење. Ако сакате да направите домашен омекнувач за алишта, оцетот ќе ви служи како клучна состојка. Треба да се напомене дека никогаш не смеете да мешате оцет и белило бидејќи оваа комбинација може да предизвика отровни испарувања.

-Реклама-

Погледнете ги овие три формули за економични омекнувачи:

1. Омекнувач со регенератор за коса
Потребни состојки:

1 чаша регенератор за коса
3 чаши топла вода
1 и ½ чаша алкохолен оцет
Постапка:

Ставете го регенераторот во поголем сад и постепено додавајте ја топла вода и мешајте додека состојките не се соединат. Потоа додајте го оцетот. Чувајте ја смесата во затворен сад и користете ¼ чаша за секое перење.

2. Обичен оцет во улога на омекнувач
Потребни состојки:

алкохолен оцет
есенцијално масло по желба
Постапка:

Во преградата за омекнувач во машината за перење, ставете ¼ чаша бел дестилиран оцет за едно плакнење. Ако сакате, можете да додадете есенцијално масло во оцетот – капнете една до две капки во чашата со оцет и потоа ставете го во сад со цврст капак.

3. Омекнувач со оцет и сода бикарбона
Потребни состојки:

2 чаши топла вода
1 чаша сода бикарбона
1 чаша алкохолен оцет
Постапка:

Во сад измешајте ги топлата вода и сода бикарбоната. Полека додајте го оцет. Ќе се појават меурчиња. Откако добро ќе ги измешате сите состојки, ставете ја течноста во сад со цврст капак и протресете ја пред секоја употреба. Користете ¼ чаша за секое плакнење во машината за перење.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

- Реклама -

ПОПУЛАРНО