„Налепници нема“ – Ова е пораката која утрово илјадници граѓани ги дочека во Скопје низ станиците за технички преглед, пишува 4NEWS.MK.
На друштвените мрежи се објавуваат фотографии од различни региони и технички станици. Но на ниту една нема ознаки „НМК“.
Инаку од 13 февруари 2024 година задолжително на вашето возило мора да имате ознака НМК и да го управувате со важечка возачка дозвола, односно со ознака „Република Северна Македонија“ на вашата возачка дозвола.
Во спротивно не смеете да го управувате возилото, или ќе бидете санкционирани од страна на полицијата.
ИЗВОР+ФОТО: 4NEWS.MK