И денеска на граѓаните кои дојдоа во станиците за технички преглед за да ги заменат сообраќајните дозволи со новото уставно име им беа наплатени трошоците, пишува ТЕЛМА.
Иако Владата донесе одлука сообраќајните и возачките дозволи да се издаваат бесплатно.
Возачите тврдат дека вработените на шалтерите им кажале дека досега немаат добиено официјлано известување за да престанат со наплата на документите за автомобили, кои пак им се дадени и задолжени од управните служби на МВР.
Од МВР велат одлуката за бесплатна замена на овие документи стапува на сила веднаш по објавувањето во службен весник.
Во однос на налепниците со кодот НМК и денеска во дел од станиците за технички преглед ги има, а онами каде што се потрошиле велат дека немаат добиено нови материјали.