Tuesday, December 10, 2024
17.8 C
Skopje

Почина рускиот опозиционер Навални – неговата сопруга го обвини Путин дека е лично одговорен за неговата смрт

-Реклама-

Почина рускиот опозиционер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални, соопшти затворската служба на регионот Јамало-Ненецки, каде што Навални ослужуваше затворска казна.

Реклама

Во поправната колонија број 3, осуденикот А. А. Навални се чувствувал лошо по прошетката и речиси веднаш ја изгубил свеста, се вели во соопштението на веб-страницата на затворот.

-Реклама-

Се додава дека веднаш пристигнале медицинските работници на установата и дека „повикана е Итна помош“.

-Реклама-

„Извршени се сите потребни реанимации, но не дадоа позитивни резултати. Лекарите од итната помош констатирале смрт на осуденото лице. Се утврдуваат причините за смртта”, се вели во соопштението на Федералната служба за извршување на кривични санкции.

Навални беше познат како остар критичар на Кремљ.

Тој отслужуваше 30-годишна затворска казна за наводен екстремизам, како и голем број други обвиненија. Беше уапсен на 17 јануари 2021 година по враќањето во Русија од Германија, каде што се лекуваше од последиците од наводното труење. За труењето беше обвинет Кремљ, кој негираше вмешаност.

Владимир Путин е лично одговорен, вели сопругата на Алексеј Навални, Јулија откако денеска е соопштено дека тој починал. Таа зборуваше на конференцијата за безбедност во Минхен.

„Владимир Путин е лично одговорен за сите страшни работи што ги прават на мојата земја“, рече таа.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО