Wednesday, May 22, 2024
14.8 C
Skopje

СВЕТ: Жена со години спиела покрај телото на починатиот брат

-Реклама-

Жена во своите седумдесетти години спиела покрај мртовото тело на нејзиниот брат во куќа во богатото предградие Џилонг, југозападно од Мелбурн. На 29 декември 2022 година, полицијата отишла да ја провери состојбата на нејзиниот брат, но кога пристигнала во куќата наишла на застрашувачка сцена – машки труп и куќа полна со стаорци и ѓубре.

Реклама

За да стигнат до телото, форензичарите морале во заштитни одела да минат низ ѓубре од подот до таванот, стаорци и човечки измет. Властите проценуваат дека жената спиела покрај трупот меѓу две и пет години.

-Реклама-

Имено, соседите се жалеле до локалните власти за смрдеата која со години доаѓала од куќата, но ништо не било преземено. Соседите мислеле дека непријатниот мирис доаѓа од ѓубрето.

-Реклама-

„Имаше постојана смрдеа, но мислевме дека е ѓубре. Ролетните секогаш беа спуштени. Настрешницата беше полна со ѓубре. Секаде можеше да се видат стаорци. Беше одвратно“, раскажуваат.

Полицијата всушност дошла да провери во каква состојба е братот, кого никој не го видел од 2018 година, а потоа при претресот го пронашла неговото тело. Постарата жена подоцна била ослободена без обвинение. Судскиот лекар сè уште ја истражува причината за смртта на мажот. Имотот сега е празен веќе една година.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО