Sunday, November 10, 2024
17.8 C
Skopje

Човечки труп на млад маж денеска е најден во Велес

-Реклама-

Човечкиот труп на млад велешанец утрово е најден под Железен Мост, во населбата Дворови во Велес. На лице место била повикана екипа на Итна медицинска помош, а увид на местото на настанот направила екипа на СВР Велес, информира за МИА, Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Реклама

Јавниот обвинител Анастасија Миланова беше на местото на настанот и според првичните информации, како што од ОЈО Велес за медиумите соошти Цветанка Богоевска Основен јавен обвинител за подрачјето на Велес, таа констатирала дека на телото на пронајдениот мртов 34- годишниот маж немало траги на насилство.

-Реклама-

-Станува збор за велешанец роден 1990 година, а неговото тело лежело на земјена површина под мостот на скоро средина од должината на железната конструкција. Во првичните информации можам само да соопштам дека на телото на 34 годишниот маж нема траги на насилство, ниту убодни рани. Земени се примероци од дополнителни траги на лице место, како и друг вид на материјал што ќе биде испратен во Одделот за форензички испитувања на Министерството за внатрешни работи во Скопје. Обвинителката Миланова веќе побара телото на починатиот маж да биде испратено на обдукција во Институт за судска медицина во Скопје, информира Цветанка Богоевска Основен јавен обвинител за подрачјето на Велес.

-Реклама-

Инаку, на Обвинителството во Велес познат му е идентитетот на мртвиот велешанец.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО