Monday, April 15, 2024
27.8 C
Skopje

ДОНИРАЈ ОД СРЦЕ: За Леонид да се врати во училишните клупи!

-Реклама-

Веста дека Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) не одобри пари за лекувањето на младиот Леонид кој се повреди лани на летување во Грција предизвика бурни реакции кај граѓаните на социјалните мрежи.

Реклама

Многумина го изразија својот револт на Фејсбук и на Икс. Некои сметаат дека правилникот на ФЗО треба да се смени бидејќи Фондот е должен да им помогне на семејствата кои немаат пари да си дозволат лекување и здравствена нега.

-Реклама-

„Помош од Фондот не е толку бомбастична глетка како прв испратен пациент со медицински хеликоптер. А денес Фондот за здравство одби да му помогне на Леонид, со образложение дека може да се лекува и тука. Само се наметнува прашањето дали детето било искористено за партиски промоции и собирање поени кога било пуштено да се лекува во Австрија. Ако можел да се лекува тука, како што тврди Фондот, тогаш зошто воопшто целата таа претстава со хеликоптерот? Ако не може да се лекува тука, зошто Фондот не помага? Парите на овој или оној начин ќе се соберат. Останува само горчлив вкус дека се користат болни деца за промоција, дека се фрлаат пари за местени тендери, хонорарци, за вработувања… додека за оние кои им е најпотребно – немa“, коментира инфлуенсерот Божинар Божиновски на Фејсбук.

-Реклама-

„За Леонид ќе се соберат пари, глупиот правилник ќе си остане каков што е. Народот ќе донира, а Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија ќе се прави глув и нема да одобрува рехабилитација без која не може да се живее бидејќи не ја сметаат за лекување. Правилникот на ФЗО мора да се смени. Многу животи и многу семејства се оставени сами на себе. И семејството на Јани е во иста ситуација. Фондот за здравство одбива да даде пари за рехабилитации со изговор дека можат да се лекуваат и тука. ФЗО го одби плаќањето за лекувањето на Леонид во Австрија, велат имало тука каде да се лечи… А каде да се лечи? Колку животозагрозувачки ситуации имавме чии животи зависеа од рехабилитација, но Фондот во ниеден момент не го отвори прашањето за потребата од промена на тој правилник“, се огласи активистката позната како Маргарет Курт (Маргарета Куртиќ).

Леонид излегол од КАРИЛ со огромна рана
– За Леонид долго време се обидувавме да добиеме донации за да го однесам на лекување. Тој дише на респиратор и во октомври бевме на КАРИЛ. Од октомври го префрливме во Клиниката „Жан Митрев“ и сите доктори и стручни лица кажаа дека толку е знаењето во Македонија и дека мора да го носиме во странство. Најдов институција во Австрија која би го примила во таква состојба. Таму добив разбирање и не морав целата сума да ја платам одеднаш за да можам да собирам полека финансии. Платив еден дел, но постапката ја водам и пред Фондот за здравство. Денеска оттаму добив решение дека го одбиваат лекувањето на Леонид во странство, како неосновано. Зошто? Образложението е дека тоа било рехабилитација и дека имам склучено договор со ФЗОМ и дека во Македонија има установи што можеле да го лекуваат, а не ми наведуваат кои се тие установи кои би можеле да го третираат во таква состојба во каква што е Леонид. Ги имам лицата што се потписници на записникот и сакам јавно да ги прашам, како тоа ќе ми објаснат каде во Македонија ќе го лекувам Леонид?

За Леонид во Македонија добив само еден декубит на КАРИЛ со кој го уназадија со години мојот син. Јас од КАРИЛ, фала им многу, и бактерии и рана добив за детето. Тоа е страшна работа. Сите вежби што треба да му ги прават и испитувања во Австрија, не може да му ги прават поради тој декубит. Таа рана е огромна и не може ни пластична операција да му се направи во моментот. Добро беше што го префрлив од КАРИЛ во „Жан Митрев“ зашто го спасив детето од сигурна смрт. Имам слики каков беше кога го примија во „Жан Митрев“ со декубитот. Тоа ми е доказ мене – вели таткото на Леонид, Бранко Индов за Слободен печат.

Тој вели дека Австрија му дала бесплатна виза на Леонид.

– Во ФЗОМ сите креваат раменици, велат не можеле да покријат рехабилитација и така натаму. Имам човек од Австрија што веќе реагирал во ФЗОМ. Дали треба и претседателот на Австрија да им каже дека тука нешто не е во ред? Ова што го правам не го правам само за Леонид, туку и за другите деца што треба да одат да се лекуваат во иднина. Има уште две деца како Леонид, со таа разлика што тие дишат самостојно, а Леонид е на респиратор – додава Индов.

Тој објаснува дека Леонид имал добиено повеќе од 30 инфекции од бактерии во КАРИЛ кои вели дека му биле третирани во „Жан Митрев“.

ФЗО не плаќа за рехабилитација
„Барањето на осигуреното лице Б. И. од Скопје, за неговото дете Л.И. за упатување на лекување во странство се одби како неосновано зашто не се работи за упатување на лекување во странство, туку за извршување на здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување. Медицинската рехабилитација како продолжено болничко лекување, Фондот за осигурените лица ја обезбедил во здравствените установи во Р. Северна Македонија со кои склучил договор.

Според Законот за здравственото осигурување, осигуреното лице може да користи болничко лекување во странство со одобрение на Фондот, само ако е во прашање заболување кое не може да се лекува во државата, а во земјата во која осигуреникот се упатува постои можност за успешно лекување на тоа заболување. Под истите услови се користат во странство и здравствени услуги на контролни прегледи кои се однесуваат на веќе извршено болничко лекување во странство одобрено од страна на Фондот, а кои не можат да се извршат во Република Северна Македонија.

Според одредби од Правилникот за начинот на користење на болничкото лекување на осигурените лица во странство, осигуреното лице на кое клиничкиот конзилиум од соодветната Универитетска клиника во Скопје му издал предлог за упатување на лекување во странство со цел спроведување на специјализирана медицинска рехабилитација, како што е и во конкретниов случај, нема право на надомест за трошоците на товар на Фондот.

Според сето ова, Фондот и лекарските комисии одлуката за осигуреникот Л.И. ја донеле во согласност со горенаведените законски прописи“, се наведува во соопштението на ФЗО.

Донирајте за Леонид
По веста дека ФЗО не одобри пари за лекувањето на младиот Леонид, на социјалните мрежи се појавија многу повици за хуманост. За лекување на момчето се потребни 140.000 евра. Донациите што претходно беа собрани од хуманите граѓани ќе покријат 3 месеци од лекувањето на Леонид во Австрија, но никој не ги покрива трите месеци кои следуваат бидејќи ФЗО го одби барањето на семејството.

Граѓаните можат да завртат на телефонските броеви 143-118 и 143-500 за да донираат за Леонид, а повикот чини 100 денари или да донираат на жиро сметката 210-7000006805-91.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО