Центарот за управување со кризи информира дека тетовската противпожарна служба интервенира на запалени гуми спроти фабрика Киел во селото Желино кај подвозникот кон селото Сиричино.
-Гаснењето е отежнато поради големата количина на автомобилски гуми, нема опасност пожарот да зафати соседни објекти, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Ангелов посочи дека целосно гаснење се очекува за максимум два часа.