Експерт за храна тврди дека 1 работа задолжително се става во кафето за да биде здраво

0
244

Кафето е омилен пијалок на милиони луѓе ширум светот, а кога ќе го комбинираме со цимет, добиваме не само фантастичен вкус, туку и бројни здравствени придобивки.

Како што истакнува експертот за исхрана Џејми Дезањ за порталот Шарп, само една кафена лажичка цимет дневно му обезбедува на организмот дневна доза витамини и минерали.

Циметот е повеќе од зачин

Циметот е зачин кој се добива од внатрешната кора на дрвото наречено Cinnamomum. Се користи со илјадници години не само поради неговиот специфичен вкус, туку и поради неговите здравствени придобивки. Богат е со антиоксиданси, има антиинфламаторни својства и може да помогне да се намали нивото на шеќер во крвта.

– Кога комбинирате кафе и цимет, добивате синергетски ефект на антиоксиданси кои му помагаат на телото да ги отстрани слободните радикали и да го одржува здравјето на клетките во телото. Во кафето можете да си сипете цимет во текот на денот, а особено е добро со првото утринско кафе – изјавил Џејми.

Подготовката на кафе со цимет е многу едноставна. Сварете го омиленото кафе, додадете прстофат цимет и промешајте. Овој зачин можете да го користите во еспресо, нес кафе, за капучино или во домашно или Трузиско кафе. Резултатот е топла, ароматична шолја кафе со благ, но забележлив вкус на цимет.

Комбинацијата од кафе и цимет може да има бројни здравствени придобивки. Циметот може да помогне да се намали воспалението во телото, да се регулира нивото на шеќер во крвта и да се подобри циркулацијата. Со комбинирање на овој зачин со кафе, можеме да добиеме пијалок кој не само што ќе не разбуди и ќе ни даде енергија, туку позитивно ќе влијае на нашето целокупно здравје.

Бројни научни истражувања покажаа дека циметот е добар за срцето, а секојдневното консумирање на овој зачин може да доведе до намалување на холестеролот.Комбинацијата на овие две намирници произведува моќен пијалок кој е добар за нашето целокупно здравје. Единствено што треба да се земе предвид е да не се претера со количината на дневен внес на цимет, бидејќи прекумерната количина може да биде штетна.