Нов голем влажен, но овој пат и значително постуден воздушен бран ќе ја зафати територијата на Македонија во понеделник доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник и во вторник.
На повеќе места ќе има обилни врнежи од дожд (локално ќе наврнат нови над 30 литри дожд на метар квадратен воден талог). Поради заладувањето и значителниот пад на температурите, на планините над 1200-1300 метри надморска височина ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира и снежна покривка.
Значителна снежна покривка очекуваме на планините во западните и северните предели, како и на североистокот и истокот од Македонија (понекаде и со висина од над 25 сантиметри).
Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/