Брачен пар од Нови Сад кој синоќа се загина паѓајќи од зграда, претходно си ги убиле сопствените деца, објавија српските медиуми.
Телата на брачната двојка се пронајдени откако тие се фрлиле од 17 кат од зградата.
Трагедијата да биде поголема полицијата потоа пронашла тела на две деца од 1 и 3 години во Петроварадин, за кои постои сомнеж дека починале од насилна смрт.
Портпаролот на ПУ Нови Сад потврди дека полицијата пронашла безживотни тела на две деца на адресата на која живеел брачниот пар.
Како се случила оваа трагедија се уште не е познато. Истрагата е во тек.
Во двојната смрт кое синоќа го потресе Нови Сад починале женско лице М.П.С. (2001), како и машко Љ.П.С. (1999).