Почивај во мир! Човекот херој на кој Македонија му се поклонува – Не напушти, но спаси четири останати животи

0
459

Министерството за здравство информираше: По добиената согласност во вторникот, завчера во раните утрински часови започнале трансплантациите на срце, црн дроб, бубрези и коскени ткива.

Како што објави битолскиот портал „Бабам Битола“, станува збор за Пеце Аврамовски, млад битолчанец, чие семејство со одлуката за донирање на неговите органи спасило повеќе животи.

Сестрата на Пеце, Елизабета Трајчевска на социјалните мрежи објави:

– Ти замина, ама спаси други животи брате мој. Почивај во мир, објави сестрата на Пеце, Елизабета Трајчевска

Демири упати јавна благодарност до семејството на донорот, кое повторно потсети на важноста, на емпатијата и на хуманоста и во најтешките моменти од животот.