СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Тешка сообраќајна несреќа во која има загинато едно бебе, две лица се повредени

0
1438
ФОТО: ИЛУСТРАЦИЈА
ФОТО: ИЛУСТРАЦИЈА

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Во сообраќајна несреќа загина едно бебе, две лица се повредени

Вчера, околу 12.50 часот, во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата Босилово и Турново, патничко возило „фолксваген поло“, со струмички регистарски ознаки, управувано од 40-годишната В. Д. Т. од село Стиник, општина Ново Село, излетало од коловозот.

Од добиените повреди починало бебето што било превезувано во возилото, а смрт констатирал лекар во Медицинскиот центар Струмица.

Телесни повреди добиле В. Д. Т. и сопатничката С. Т. (49) од село Доброшинци, Струмичко.

Полицијата соопшти дека увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

ФОТО: ИЛУСТРАЦИЈА