Според компанијата за лекови за алергија Флонасе, познато е дека четири домашни растенија го отежнуваат дишењето доколку имате одредени алергии на полен или мувла.
Пролетта е на прагот, а тоа значи дека за многумина почнува сезоната на кивање, кашлање и насолзени очи.
Но, ако искусите симптоми на алергија, постои и можност заканата да доаѓа од вашиот дом преку растенијата и цвеќињата кои ги имате.
Според компанијата за лекови за алергија Флонасе, познато е дека четири домашни растенија го отежнуваат дишењето доколку имате одредени алергии на полен или мувла.
Папрати
Папратите се популарни поради нивното бујно зеленило и слабото одржување, но некои луѓе со алергии или астма може да доживеат влошување на симптомите во нивно присуство.
-Папратот обично се избира за домашни услови бидејќи е нетоксичен, што го прави добра опција за луѓе со деца и домашни миленици, објаснуваат експертите од Флонаса, меѓутоа, вдишувањето спори од папрат може да ги влоши алергиите.
Папратите се исто така склони кон растење на мувла во нивната почва што исто така може да предизвика алергии. Вдишувањето спори на мувла може да предизвика типични симптоми на алергија како што се кивање и чешање.
Фикус бенџамин
Фикус бенџамин може да предизвика непријатни симптоми.
-Фикус бенџамин е релативно чест алерген во затворен простор, се согласуваат експертите.
Тие можат да предизвикаат алергиски ринитис и астма, а растенијата фикус исто така можат да испуштаат ситни честички од латекс, хемиско соединение слично, но одвоено од неговиот сок. Овие честички можат да бидат иритирачки за очите и кожата и може да предизвикаат кивање.
Јука
Студија од 2014 година во списанието Allergy and Asthma Proceedings анализира низа украсни растенија за да се утврди кои предизвикуваат најзабележливи алергиски или астматични реакции.
Тие испитуваа 150 пациенти со астма и/или алергиски ринитис и 20 здрави контролни субјекти, а потоа направија кожни тестови за да го одредат нивото на чувствителност на секој субјект на различни видови.
Откриле дека стапката на позитивност на кожните тестови за украсни растенија е особено висока кај пациенти со позната историја на алергиски ринитис, чувствителност на храна и изложеност на домашни растенија.
Најмногу реакции предизвикале растенијата јука, од кои рекација добиле повеќе од половина од испитаниците. Иако ова растение е привлечно во затворен простор, најдобро е да го избегнувате доколку сте алергични.
Бршлен
Бршленот е уште едно растение кое може да предизвика симптоми доколку сте чувствителни. Поточно, може да доживеете контактен дерматитис ако го допрете растението, велат експертите.
Чувствителноста на бршлен е почеста отколку што се мисли, вели JAMA дерматолошка студија. Ова вообичаено украсно растение може да предизвика дерматитис, не само од лисјата и стеблата, туку и од корените.
Вреди да се напомене дека не постои ботаничка врска помеѓу англискиот бршлен и отровниот бршлен, но и двата можат да предизвикаат алергиска реакција. Иако англискиот бршлен не е толку опасен како отровниот бршлен, сепак може да предизвика благи алергии и иритации.
Извор: idol.mk