Нлб Банка со: ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
На социјалната мрежа Facebook, преку страница именувана како ‘’Personal offers’’ се споделува лажна информација со која на клиентите им се нуди можност за брзо одобрување на кредитни картички за лица кои не се приматели на плата.
Потенцираме дека се работи за лажен профил кој го злоупотребува логото и името на НЛБ Банка Скопје и се обидува да собере лични податоци од корисници на оваа социјална мрежа.
Ве известуваме дека НЛБ Банка Скопје нема никаква поврзаност со оваа активност.
Лажната страница ќе биде пријавена до Facebook како и до надлежните институции во земјата, согласно позитивните законски прописи.
Ве советуваме да бидете исклучително внимателни кога ги споделувате Вашите лични податоци додека сте на интернет. Доколку се сомневате на злоупотреба, Ве молиме веднаш контактирајте не на телефон 02/15600.