На 07.04.2024 во 15.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу:
Mопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.Р.(19) од Куманово и патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.З.(22) од с.Слупчане, општина Липково.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот сопатник Х.Љ.(19) од Куманово, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
ФОТО ИЛУСТРАЦИЈА