СТРАШНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО МАКЕДОНИЈА: Осум лица се повредени
– Синоќа во 23:45 часот во ОВР Кичево било пријавено дека:
На локалниот пат од село Лисичани за село Пласница во близина на село Лисичани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од 17-годишник од Македонски Брод и патничко возило „опел астра“ со регистарски ознаки од Македонски Брод управувано од Н.Н.(19) од село Лисичани-кичевско, се наведува во денешниот билтен на МВР.
Во несреќата, како што информираат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Н., а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и шест сопатници од двете возила, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
ФОТО ИЛУСТРАЦИЈА