ДРАМА ВО МАКЕДОНИЈА: Со автомобил влетал во маса полна луѓе, има и повредени по физичка пресметка
Завчера во 21.30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Р.С.(23) од Штип.
Tie постапувајќи по претходна пријава дека со патничко возило „југо“ удрил во масата на која седеле С.Т.(52) од Кочани и нејзиното семејство во дворното место на нејзиниот татко.
Според пријавеното, потоа настанала физичка пресметка помеѓу семејствата на С.Т. и Р.С., при што дел од инволвираните се здобиле со повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.