Wednesday, May 22, 2024
14.8 C
Skopje

Петрова со осврт на повратот на ДДВ

-Реклама-

Минатата седмица пишував за наплатата на ДДВ, па мора да се осврнеме и на повратот на ДДВ кој е “минусна” ставка на бруто ДДВ приходот. Во првиот квартал од годината е исплатен поврат на ДДВ од 176 милиони евра. Но, важно е да се види целата слика, вели дополнителниот заменик министер за финансии, Елена Петрова.

Реклама

ПОГЛЕД ОД СТРАНАТА НА СТОПАНСТВОТО

-Реклама-

НЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ – МФ и УЈП објавуваат само колку ДДВ поврат е исплатен, а не и КОЛКУ ДОЛЖАТ на стопанството. Факти:

-Реклама-

• 74 милиони евра долг за невратен ДДВ на крајот на првиот квартал
• 16 милиони евра долг за камата за доцнење на исплатата

Колку и да се прикажуваат како “партнер” на стопанството, фактите говорат дека не се грижат за неговата ликвидност.

• 1/10 од горенаведениот долг е со старост повеќе од една година.
• Само 4% од износот на ДДВ исплатен во првиот квартал е вратен во законскиот рок кој мора да го почитуваат УЈП и МФ, како што и даночните обврзници мора да ги почитуваат законските рокови за нивните обврски.
• Околу 1/2 од износот на ДДВ исплатен во првиот квартал е по стари барања за кои рокот за враќање бил во 2023 и претходни години.
• По истекот на кварталот, сеуште има невратен ДДВ по старите барања од претходни години.

Не само што немаат капацитет за навремен сервис на стопанството со повратот на ДДВ, туку и не го заштитија Буџетот од поврат со фиктивни фактури, не ги детектираа и не ги спречија ваквите даночни измами.

ПОГЛЕД ОД СТРАНАТА НА БУЏЕТОТ

Повратот на ДДВ може да го користат како АЛАТКА со која влијаат колкав ДДВ нето приход и колкав буџетски дефицит ќе искажат во фискалните извештаи. Помалку исплатен ДДВ поврат (на штета на стопанството!) во еден месец, значи дека ќе прикажат повисок буџетски нето приход и понизок буџетски дефицит во тој месец.

Во услови кога должат на стопанството 90 милиони евра ДДВ поврат за исплата со камата, а од почетокот до сега во м.април вратија помал износ споредбено со м.април лани, будно ќе следиме и ќе информираме дали месецов ќе “забават” со повратот на ДДВ (на штета на стопанството!), со цел до крај на месецов да ја “нашминкаат” сликата за енормниот буџетски дефицит потрошен во првиот квартал, пишува Петрова на Фејсбук.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО