За време на викендот, поради дополнителното заладување, снежната граница би можела да се спушти и на некои места со надморска височина од под 1000 метри, со што врнежи од снег може да се појават и во повисоките населени места и низ Македонија. За време на оваа голема промена на времето, локално ќе наврне големо количество на воден талог (над 40-50 л/м2)“, објави вчера метеорологот Славчо Попоски.
Попладнево, како што и најавија метеоролозите, Скопје беше зафатено од невреме со пороен дожд, силен ветер и грмотевици, што е невообичаено за овој период од годината.
„Поради веќе споменатиот силен и ладен Атмосферски фронт од север и од северозапад, утре попладне и навечер на повеќе места ќе има обилни врнежи од дожд, локално ќе биде и нестабилно, особено во централните, како и во источната половина од Македонија и со обилни поројни врнежи од дожд, електрични празнења и силен ветер (над 70 км/час)
Локално овие процеси ќе бидат застапени и во форма на големо невреме со силен град и олуен ветер.
Целиот текст може да го прочитате на faktor.mk
ФОТО ИЛУСТРАЦИЈА