(ФОТО + ВИДЕО) ГРАД СО ГОЛЕМИНА НА ТЕНИСКО ТОПЧЕ: Се побеле за неколку минути, силно невреме ја зафати Италија
Експертите советуваат внимателност до сите возачи.
Силно невреме придружено со град ги погоди провинциите Виченца и Верона во четвртокот нешто по 12 часот.
Поради силното невреме, сообраќајот се одвиваше отежнато, а коловозите побеле од количеството град што за кратко време падна.
За среќа, невремето не предизвика големи штети, но предизвика голема загриженост кај возачите.
На социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии од невремето. Тие покажуваат дека патот е целосно покриен со мраз.
Освен во Верона и Виченца, град падна и во Монтекио, Орѓано и Брендола.