(ФОТО) Автомобилот целосно смачкан, ова е идентитетот на жртвите во страшната несреќа денес во Македонија
Две жртви има во тешката сообраќајна несреќа, која се случи денеска во 14.25 часот на експресниот пат Штип-Кочани во близина на индустрискиот дел на Штип и официјално потврди портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во писменото соопштение лиферувано до медиумите.
Жртвите се на возраст од 40 и 64 години, од Кочани од Скопје.
“НА 20.04.2024 НА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ШТИП КОЧАНИ ВО БЛИЗИНА НА ИНДУСТРИСКИОТ ДЕЛ ШТИП, СЕ СЛУЧИЛА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ПОМЕЃУ ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО “ПЕЖО” СО КОЧАНСКИ РЕГИСТАРСКИ ОЗНАКИ УПРАВУВАНО ОД 40 ГОДИШНИОТ А.Н. ОД КОЧАНИ И ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО “ШКОДА” СО СКОПСКИ РЕГИСТАРСКИ ОЗНАКИ УПРАВУВАНО ОД 66 ГОДИШНИОТ Б.Д.ОД СКОПЈЕ.
ОД ЗДОБИЕНИТЕ ПОВРЕДИ НА МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА ПОЧИНАЛЕ ВОЗАЧОТ НА ПЕЖОТО И СОПАТНИЧКАТА 64 ГОДИШНАТА Л.Д. ВО ШКОДАТА, СЕ ВЕЛИ ВО СООПШТЕНИЕТО ОД СВР-ШТИП.”
Извор: Телма