TAЖНА ВЕСТ: Почина познатиот и докажан македонски адвокат и некогашен секретар на Штип – Ванчо Жежов
Денес ненадејно во Штип на 64 години почина Ванчо Жежов. Тој беше познат штипски адвокат, некогашен секретар на општина Штип, спортист и спортски работник.
Жежов имал исклучително успешна адвокатска кариера, но беше и хуманист и човекот од секојдневието.
Секогаш бил другарски настроен и дружељубив.
Погребот на Ванчо Жежов ќе биде утре на градските гробишта во Штип, а телото во градската Капела ќе биде изложено од 11 до 12 часот.
Извор: Телевизија Стар