Трагична вест доаѓа од Русија, каде тамошните медиуми истакнуваат дека во неделата починала руската репрезентативка во одбојка на плажа, Арина Михајлина (21) и дека се сомничи самоубиството.
Првичните информации беа дека девојката е убиена, а потоа пристигнала полицијата каде според информациите се случило самоубиството.
Нејзината колешка Марија Халечкаја ги откри деталите.
„Вестите се едноставно страшни. Сите сме во целосен шок. Она што сигурно е точно е дека самоубиството се случило по нервен слом“.
Руските медиуми додаваат дека таа е пронајдена во Москва во близина на Институтот за енергетика. Инаку, таа беше член на клубот Заречје-Одинчово.