Полицајци нападнати на Бит Пазар: Против напаѓачот поднесена кривична пријава
34-годишен скопјанец физички нападнал полициски службеници од Полициската станица Бит пазар.
Против напаѓачот е поднесена кривична пријава.
„СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.С.(34) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста”.
На 15.04.2024 полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар биле физички нападнати од пријавениот“ – стои во известувањето од МВР.
ФОТО ИЛУСТРАЦИЈА