Wednesday, May 22, 2024
14.8 C
Skopje

Задутре Врховен ќе одлучи: Дали таткото на убиената Вања ќе излезе од притвор?

-Реклама-

Врховниот суд в четврток ќе одржи јавна седница по изјавената жалба на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за мерката притвор. Ова е втора јавна седница пред Врховниот суд по мерката притвор на таткото на Вања.

Реклама

-Врховниот суд ја известува јавноста дека по изјавената жалба на осомничениот А.Ѓ. од Скопје, преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, против решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/23 од 2.4.2024 година, по која е формиран предмет во Врховниот суд како ВКЖ1-14/24, на барање на одбраната закажана е јавна седница за 25.4.2024 година со почеток во 10 часот, се вели во соопштението од Врховен.

-Реклама-

Претходно во март годинава, Врховен ја одби како неоснована жалбата против мерката „притвор“ на Ѓорчевски, по решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ-223/24 од 1.3.2024 година.

-Реклама-

Малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче Жежовски, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски – Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка.

По предлог на надлежен обвинител беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството. На Димовски му се определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.

kurir.mk

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО