МАКЕДОНИЈА ИЗБОРИ 2024:
Полицијата во Охрид го приведе А. И. (48) затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.
Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК).
Оваа бројка е во реалност и повисока, имајќи предвид ДИК сè уште ги нема пребројано сите гласови.
До сега не се забележани поголеми инциденти и сериозни нарушувања.