ИЗБОРИ МАКЕДОНИЈА 2024:
Гласањето за избор на претседател на државата досега се одвива мирно на сите гласачки места, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
До 15 часот на гласање излегле 34,57 проценти граѓани, според податоци кои пристигнале до ДИК од 1720 избирачки места односно од 49,03 отсто.
ДИК пред малку сподели дека излезноста до 17 часот на целата територија на Македонија изнесува 42,19%.
Гласањето и избирачките места се отворени до 19 часот и се очекува во следниот пресек да има поголема излезност во сите општини.
Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, 95.116 избирачи се на привремена работа или престој во странство, а 2.147 се на издржување казна затвор или се во притвор.