ПОЧИНА ПОЗНАТАТА ИНФЛУЕНСЕРКА (28):
Познатата инфлуенсерка Татиел Скарлат почина од пневмонија на 28-годишна возраст, откако лекарите погрешно ѝ поставија дијагноза.
Лекарите претпоставувале дека мајката на три деца има денга откако се пожалила на повраќање и општа болка.
Таа на 16 април отишла во итната медицинска помош по стомачни проблеми и била испратена дома со лекови. но само четири дена подоцна таа повторно била во болница со респираторни проблеми.
Рендгенските снимки откриле дека има пневмонија, а лекарите и препишале антибиотици пред повторно да биде отпуштена.
Подоцна истиот ден, нејзината состојба се влошила и морала итно да биде пренесена во единицата во Дивинополис, Бразил. Следниот ден била интубирана и префрлена во локална болница каде трагично починала.
Зад себе ги оставила сопругот и трите мали деца.