Tuesday, December 10, 2024
17.8 C
Skopje

СЕДМИ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ – ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ РЕИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДС

-Реклама-

Денес со присуство на над 400 делегати и гости, се одржа 7-от Конгрес на ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ, на кој во своето обраќање, Павле Трајанов, нагласи: „На претстојните претседателски и парламентарни избори за одлучува за тоа дали ќе опстоиме како самостојна, суверена и независна држава и дали ќе се случат промени кои значат градење на демократска и европска држава или ќе тонеме во корупција , деструкција и разградување на темелните вредности“.

Реклама

Демократскиот сојуз е витална политичка партија која не прави компромис кога се во прашање нашите национални, државни и стратешки интереси и не сме подготвени да соработуваме со профитери и разграбувачи на државата.

-Реклама-

Демократскиот сојуз и јас како претседател ја отворивме политичката борба против недопирливите од ДУИ, партија која ги поткопа темелите на македонската држава, со криминал, деструкција и антимакедонска надворешна политика, и сигурен сум дека оваа партија треба да се делегитимира и испрати во опозиција.

-Реклама-

На тие што на Плоштадот МАКЕДОНИЈА, извикуваа УЧК, местото им е во ХАГ, а не во власта.

По дуизацијата и криминализацијата на државата, сега водството на ДУИ најавува дестабилизација доколку не биде вклучена во власта, но од ваквите најави никој не се плаши затоа што граѓаните на Македонија без разлика на нивната етничка и верска припадност цврсто се решени да живеат заедно и да ја градат заедничката држава, Македонија.

Трајанов зборуваше и за приоритетите на Демократскиот сојуз, меѓу кои посебно ги посочи следните:

Прво, коренити уставни промени односно нов Устав, поради тоа што Уставот и амандманите на истиот, го блокираат развојот, демократијата и ја промовира партизацијата и неодговорноста. Тука пред се, се неопходни реформи во судскиот систем, бришење на правилото на Бадентер, Балансерот итн.

Второ, донесување на нова стратегија за борба против тешките облици на криминал и високата корупција и донесување на Законот за формирање на независна Агенција за борба против овој вид на криминал.

Трето, деблокирање на евроинтеграциските процеси преку градење на широк политички и граѓански консензус околу следните работи:

– Македонскиот јазик да биде официјален по приемот на Македонија во ЕУ

– Образовните, историските и идентитетските прашања да не можат да бидат основа за блокада на евроинтеграциските процеси, и

– Да се обезбеди реципроцитет со Бугарија со признавање на Македонското малцинство во Бугарија.

Четврто, системот за безбедност да се реформира, да поминат сите вработени преку „сито“, да се обезбеди континуирана обука и да се зголемат двојно платите. Не е во ред, ниту може да се очекуваат резултати доколку и натаму главен инспектор прима плата од 45 илјади денари, а јавен обвинител од 130 илјади денари.

Надворешна политика треба да биде во функција на нашите стратешки и национални интереси и усогласена со политиките на ЕУ и стратешките партнери, пред се на САД, треба да продолжиме со реформите во областа на одбраната како членка на НАТО.

Сме за слободна пазарна економија, бесплатно здравство и образование и создавање услови за младите да останат во Македонија. Предлагаме во советите на општините и Парламентот младите до 30 годишна возраст да бидат застапени со најмалку 30 проценти.

Нашата соработка со другите партии е на принципиелни основи. Држиме до постигнатиот договор и дадениот збор и не сме подготвени на компромиси по секоја цена само за да бидеме дел од власта.

Демократскиот сојуз пред повеќе од година дена се повлече од парламентарното мнозинство поради тоа што ДУИ и СДСМ ја движеа државата во погрешна насока (крив правец), и веднаш потоа објавивме дека сме за градење на национално единство и заеднички настап на изборите со сите партии кои не се согласуваат со власта предводена од СДСМ и ДУИ.

Инаку разговаравме за сите прашања многу отворено и со господинот Зоран Заев и со господинот Димитар Ковачевски, посебно околу евроинтеграциските процеси, и предлагавме за таканаречениот Француски предлог да се обезбеди поширок политички консензус при што ВМРО-ДПМНЕ беше подготвен за компромис, но СДСМ сакаше да има монопол над овие процеси и не беше подготвен за соработка.

Укажувавме и на непринципиелната коалиција со која се наруши уставното начело за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во власта, вклучително и во Владата, но и за ова прашање немаше разбирање.

Често пати јавно укажувавме дека само со бројот на пратеници не може да опстои Владата доколку спроведува политики кои што ги загрозуваат националните, државните и стратешките интереси на државата и граѓаните. Ова се покажа како пресудно за натамошното опстојување на оваа власт предводена од ДУИ и СДСМ, и тоа го покажаа изборните резултати од 24 април.

Сега сме како држава исправени пред сериозен предизвик. Дали ќе успееме да ги промениме работите. Тоа не може да се случи без силна поддршка од граѓаните.

Во овие исклучително критични моменти, треба сите да знаеме дека се работи за опстојување на Македонија како самостојна, независна и суверена држава и затоа државните интереси мора да бидат пред партиските и лични интереси.

Мораме да обезбедиме национално единство и сплотеност и да го јакнеме унитарниот карактер на државата. Ние друга држава немаме, и мораме сите заедно да живееме во неа, да ја градиме и чуваме.

Конгресот усвои повик до граѓаните да се вклучат во промените, во кои меѓу другото стои:

„Македонија е заглавена во политичко мочуриште, неопходни се темелни реформи и кадровска обнова доколку сакаме да се придвижат напред сите процеси. На овие избори се одлучува за тоа дали ќе се вградат во системот вредности кои независно од власта ќе гарантираат изградба на пристојна и модерна европска држава, држава на слободни и креативни граѓани, горди на самите себе и на државата на која и припаѓаат и ја градат. Македонија мора да успее, тоа е наша должност и завет пред идните генерации. Да се биде или не, за тоа одлучувате Вие граѓаните! Излезете на гласање и определете ја иднината на Македонија, демократска, слободна, силна и почитувана од сите.“.
Павле Трајанов ги повика делегатите на конгресот, членовите и симпатизерите на Демократскиот сојуз, како и сите граѓани да излезат масовно на 8 Мај и да гласаат за претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова, и за кандидатите за пратеници од коалицијата ТВОЈА МАКЕДОНИЈА, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

На Конгресот на кој присуствуваа над 400 делегати и гости, беше избран Централен совет на ДС од 80 члена.

За претседател на Демократскиот сојуз е реизбран Павле Трајанов

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО