Убиство се случи денеска во скопско Стајковци. На скалите и на терасата од семејна куќа биле пронајдени В.К. (64) и неговата сопруга С.К. (57) со повреди на главите.
На лице место лекар констатирал смрт кај С.К., додека В.К. починал во скопскиот Клинички центар.
Настанот бил пријавен во СВР Скопје во 12.30 часот. Полицијата во 14 часот го пронашла братот Љ.К. (67), брат на В.К, кој имал убодна рана на телото и за кого постои сомневање дека го извршил убиството на братот и снаата.
Љ.К. било лице со нарушено здравје. Љ.К. е пренесен во болница заради пружање на медицинска помош.
Полицијата и обвинителството преземаат мерки за расветлување на случајот.