(ВИДЕО) Објавена видео снимка од моментот кога напаѓачот пука во премиерот Роберт Фицо
Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска беше застрелан со неколку куршуми во градот Хандлова, а полицијата го идентификуваше неговиот напаѓач како Ј. (71) од Левице.
Фицо беше во Хандлов, централниот град на Словачка, на политички митинг што се одржа во локалниот културен центар.
Откако заврши, излезе надвор и се поздрави со насобраните граѓани.
Како што неофицијално објавија медиумите, повикувајќи се на изјави на сведоци, Ј.Ч. го покани да му пријде за да се ракува.
Како што може да се види на видеото објавено на социјалните мрежи, Фицо му пришол, а тој испукал неколку куршуми во него.
Погледнете го моментот на нападот:
🇸🇰
Footage shows the moment #Slovakia's Prime Minister Robert Fico was shot today. pic.twitter.com/yjJyGcPvvp— ConflictLive 💬 (@conflict_live) May 15, 2024