Силното невреме кое попладнево го зафати Скопје предизвика значителна материјална штета во Општина Аеродром.
Поројниот дожд доведе до пад на неколку дрвја, искршени гранки и поплавени улици.
Екипи на Општината, во соработка со МВР, веднаш излегоа на терен и започнаа со расчистување на последиците од невремето.
Претседателот на Општина Аеродром, Дејан Митески, исто така е излезен на терен и заедно со екипите работи на брзо решавање на проблемите.
Граѓаните се повикуваат доколку забележат дополнителни оштетувања, да ги пријават на телефонските броеви 072/270 886 или на 112.