Tuesday, October 1, 2024
17.8 C
Skopje

Поради поплавени операциони сали одложени се операциите во ГОБ ,,8-ми Септември”

-Реклама-

Синоќешното силно невреме кое го зафати Скопје направи хаос низ улиците, но и во болниците.

Реклама

Таков проблем се случи во ГОБ „8-ми септември“ каде протекла вода во операционите сали на третиот кат, и истата ги одложи операциите.

-Реклама-

Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург во болницата „8 септември“, на својот Фејсбук профил објави дека негрижата и запоставувањето секогаш излегуваат на виделина.

-Реклама-

„Синоќешното невреме имало сериозни последици по оперативниот блок во ГОБ 8ми Септември. Време е некој способен да ги решава проблемите на оваа болница“, порача Каревски.

Но, според надлежните, нема потреба за загриженост бидејќи болницата е во функција.

Директорот на болницата, проф. д-р Христијан Костов во изјава за ТВ Телма истакна дека преголемото количество на вода на кровните површини по што дренажниот систем не успеал да ја исдренира водата, и имало протекување во првата и втората операциона сала.

„Меѓутоа сабајлето ние ги ставивме во функција другите две операциони сали кои што се на приземје. Имаше некои мали доцнења со започнувањето на операциите но сега тие се во надминати. Екипите за санација се веќе на терен, така што за брзо ќе бидат во функција и тие сали“, вели Костов.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО