Возачот на автобусот што вчера се запали во Транспортниот центар Скопје, кај Железничката станица вдишал чад и бил бил пренесен в болница.
„Во Транспортниот центар – Скопје настанал пожар во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈСП Скопје.
Во пожарот возачот А.С.(58) од Скопје вдишал чад, по што бил пренесен на Клиниката за токсикологија во Комплексот клиники ’Мајка Тереза’. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.