Во текот на новата работна седмица нашата територија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка. Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала до умерена локална облачност.
Утре (понеделник) како и во вторник повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина тие ќе се искачуваат до околу 38, 39 степени.
Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 8 и 9.
НАПОМЕНА: Поради сушниот и топол период, но и поради повремено засилениот ветер кој го очекуваме во следниот период, повторно постои опасност од појава на нови шумски пожари, па токму поради ова апелираме граѓаните да бидат многу внимателни како се однесуваат со природата, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.