Tuesday, December 10, 2024
17.8 C
Skopje

Олимпискиот и светски шампион итно заврши во болница

-Реклама-

Италијанскиот скокач во висина Џиан Марко Тамбери, се соочи со сериозни здравствени проблеми а пред настапот на олимписките игри во Париз мораше да биде хоспитализиран.

Реклама

Триесетидвегодишниот спортист беше примен во болница со сомнеж за проблеми со камења во бубрезите. Тамбери пред три години заедно со катарецот Мутаз Баршим го освоија златото и со големи амбиции го очекуваше настапот во Париз.
Сепак на социјалните мрежи тој објави фотографија од болнички кревет па така неговиот настап на олимписките игри е под знак прашалник.

-Реклама-

„Неверојатно … Ова не е возможно. Почувствував остра болка. Ехо снимања, анализи на крвта, најверојатно камен во бубрегот. И сега, три дена пред натпреварувањето поради кое жртвував сè, беспомошен лежам в кревет со температура од 38 степени“, напиша скокачот во висина, којшто и во 2016 година поради повреда беше принуден да ги пропушти олимписките игри во Рио.
Тамбери откри дека сè уште се наоѓа во својата матична земја и дека морал да го откаже летот за Париз в понеделник.

-Реклама-

„Требаше да тргнам на патот кон големиот сон, наместо тоа ми советуваа да го одложам моето патување со надеж дека овој кошмар ќе заврши откако малку ќе одморам. Но едно е сигурно. Не знам како, но ќе стигнам, ќе бидам таму и ќе дадам сè од себе до последниот скок, каква и да биде ситуацијата“, напиша Тамбери.

Инаку в среда ќе се одржат квалификациите за скокот во висина а во недела треба да се одржи финалето.

Олимпискиот и светски шампион уште на отворањето на игрите во Париз, имаше мала незгода кога мавтајќи со знамето во чамец, венчалниот прстен му падна во реката Сена и поради тоа јавно и се извини на сопругата.

Тамбери се смета за една од големите атлетски ѕвезди бидејќи тој може да се пофали со титулите на олимписки и двократен светски првак како и четирикратен првак на Европа. Има девет медали од најголемите натпреварувања(покрај споменатите седум златни, еден сребрен од европските и еден бронзен од светските натпреварувања) а тој е и двократен победник на Дијамантската лига.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО